
PICKALBATROS PALACE RESORT
Локација
Хотелот се наоѓа на околи 8 км од аеродромот и 11 км од стариот центар на градот Сакала.
Сместување
Хотелот располага со 621 соба. Собите имаат балкон или бања со туш, клима, сеф, минибар (секојдневно се полни со вода и безалкохолни пијалоци), телефон, електричен бокал, фен, сателитска ТВ, интернет.
Стандардни соби 36 м² два единечни кревети или француски кревет, макс. 2 лица Стандардни двокреветни со помошен кревет 36 м² два единечни кревети или француски кревет и помошен кревет, макс. 2+1 дете.
Делукс соби 35 – 42 м² се исти како и стандардните, со поглед кон базен, градина или море. макс. 2+1.
Делукс фамилијарни соби две стандардни соби поврзани со врата, едната соба има францусли кревет, а другата два единечни кревети, макс. 2+2 деца.
Џакузи апартман со поглед на море и базен 48 м² една спална соба со француски кревет, една дневна соба со дел за седење, џакузи на тераса, поглед кон море и базен, макс. 2.
Хотелот има соби за лица со попреченост.
Содржини
Рецепција, главен ресторан, а la Carte ресторани, лоби бар, бар покрај базен и на плажа, други барови низ хотелскиот комплекс, Wi-Fi интернет конекција на јавните површини од хотелот и во собите е со ограничена брзина и број на корисници.
Со доплата: салон за убавина, фризер, перење и хермиско чистење, пеглање, продавници, менувачница, лекар на повик.
Спорт и забава
Хотелот има отворени базени од кои два се затоплуваат во зима, детски базен со тобогани, детски клуб од 4-12 години, детско игралиште, тениски терени, теретана, пинг-понг, одбојка на плажа, мини фудбал, мини голф, ватерполо, аеробик, куглање, пикадо, анимации во текот на денот и навечер.
Со доплата: осветлување на тениските терени и опрема за тенис, билијард, видео игри, спортови на вода, спа центар.
Услуга
Услугата во хотелот е се вклучено шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски, доцна вечера, слатки и колачи, сладолед и палачинки во одредени часови од денот, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 до 00:00 во барот на плажа, барот покрај базенот, како и во лоби барот, сокови, кафе и чоколадни специјалитети (се наплаќаат по полноќ). Азиски и ориентален а la Carte ресторан е бесплатен еднаш за време на престојот, со претходна резервација.
Со доплата: наргиле, премиум алкохолни пијалоци, свежо цедени сокови, услуга во соба, флаширани пијалоци, пијалоци во диско, повторно користење на а la Carte ресторан, сите пијалоци од 00.00 – 10.00 часот.
Плажа
Хотелот има сопствена песочна плажа, од која мал дел е со корален гребен и привлекува голем број на љубители на подводниот свет. Поголемиот ден од плажата е убава зона за капење. Лежалките и чадорите за сонце се бесплатни.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Pickalbatros Palace Resort - Hurghada, Villages Road، Hurghada 1, Egypt
Отвори во Google Maps