Прескокни кон содржината
PICKALBATROS JUNGLE AQUA PARK RESORT - NEVERLAND
Повлечи за повеќе слики

PICKALBATROS JUNGLE AQUA PARK RESORT - NEVERLAND

ХургхадаAll Inclusive

Локација

Хотелот се наоѓа во областа Сахл Хашиш, на 17 км од центарот на Хургада и 10 км од аеродромот во Хургада.

Сместување

Хотелот располага со 860 соби. Сите соби имаат со купатило со туш или када, фен, ТВ, клима уред, мини бар, сеф, електричен бокал, сет за кафе и чај, телефон, пегла и даска за пеглање (на барање), балкон или тераса.
Standard rooms 46m² една соба креветите за деца се одвоени со завеса.
Family rooms 46m² една соба креветите за деца се одвоени со лизгачка врата.
Хотелот има соби за лица со попреченост.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, ресторани со медитеранска, германска, мексиканска и ориентална храна, барови низ хотелскиот комплекс. Wi-Fi интернет конекцијата на јавните површини е бесплатна.
Со доплата: доктор, сервис за перење, хемиско чистење, фризер, салон за убавина, продавници, доктор, сала за состаноци.

Спорт и забава

Хотелот го има најголемиот аква парк во Хургада со базени за возрасни и деца и тоа 36 базени, 31 базен се со тобогани, аква парк со 42 игри, гимнастика, водена гимнастика, одбојка во вода, јога, пилатес, зумба, ватерполо, фудбал, пинг понг на плажа, теретана.
Забавни програми во текот на денот, шоу програми навечер, ДЈ настапи, клуб за деца, детско кино, мини диско навечер, видео игри, PlayStation, ролери, луна парк.
Со доплата: спортови на вода, нуркање, билијард, парна соба, амам, сауна и сите останати услуги во СПА центар.

Услуга

Услугата во хотелот е се вклучено  ран појадок, појадок, ручек, вечера, закуски во текот на денот, слаткарница, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10:00 до 00:00, коктели, бар на плажа од 10.00-17.00 часот, а la carte  ресторани со претходна резервација, сладолед во одредено време. Гостите можат да користат одредени барови и ресторани во Alf Leila Wa Leila.
Со доплата:увозни пијалаци, флаширани пијалаци, лименки, наргиле, услуга во соба, пијалаци после полноќ.

Плажа

Хотелот се наоѓа на 900 m од песочната плажа на хотелот  Dana Beach Resort каде има приватен дел. Има бесплатен шатл превоз од хотел до плажа.  Лежалките, чадорите за сонце и пешкирите се бесплатни.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Pickalbatros Jungle Aqua Park Resort - Neverland Hurghada, Al Ismaileya, Hurghada 1, Egypt

Отвори во Google Maps