Прескокни кон содржината
PICKALBATROS CITADEL RESORT – SAHL HASHEESH
Повлечи за повеќе слики

PICKALBATROS CITADEL RESORT – SAHL HASHEESH

Сахл ХашеешAll Inclusive

Локација

Хотелот се наоѓа во областа Сахл Хашиш, на 25 км од центарот на Хургада и 20 км од аеродромот.

Сместување

Хотелот располага со 552 соби. Сите соби имаат бања со туш, фен, клима, сеф, ТВ, телефон, мини бар (со доплата на лице место), сет за кафе и чај, пегла и даска за пеглање (на барање), балкон или тераса, електричен бокал. Собите се со страничен или директен поглед на море или базен.
Standard Rooms Sea View 57 m², макс. 2+1 дете.
Deluxe Rooms Sea View 70 m², макс. 2 + 1 дете.
Marina Room Sea View Adults Only 35 m², макс. 2 лица.
Family Room Sea View 60 m², макс. 4 лица.
Executive Swim up Rooms Sea View 57 m², макс. 2+1 лице.
Royal Jacuzzi Suite Sea View 120 m², макс. 2+1 дете, посебни погодности: корпа со овошје, колачи или ориентални слатки, појадок во соба секојдневно, 30 мин масажа во СПА, мини бар со шише вино, сокови, бесплатно користење на ресторанот Golden Booda еднаш за време на престојот, бесплатен влез во дискотека еднаш за време на престој, бесплатно касно одјавување до 15.00 ч.
Junior Suite Sea View 60 m², макс. 2+1 дете., посебни погодности: корпа со овошје, колачи или ориентални слатки, појадок во соба секојдневно, 30 мин масажа во СПА, мини бар со шише вино, сокови, бесплатно користење на ресторанот Golden Booda еднаш за време на престојот, бесплатен влез во дискотека еднаш за време на престој, бесплатно касно одјавување до 15.00 ч.

Содржини

Главни ресторани со шведска маса, а la carte ресторани, барови низ хотелскиот комплекс, дискотека. WiFi интернет е бесплатен во хотелот.
Со доплата: доктор, чување деца, телефон, факс, продавници, перење алишта.

Спорт и забава

Отворени базени за возрасни и деца два базени се загреани за време на зимската сезона, шест џакузи со претходна резервација, пилатес, јога, одбојка на плажа, аеробик, пикадо, пинг понг, теретана, два тениски терени. Забавни програми во текот на денот со разни натпревари, пена забави, навечер шоу програми, музика во живо, клуб за деца со детски програми, мини диско навечер.
Со доплата: спа центар, масажи и третмани, сауна, парна соба, амам, спортови на вода, нуркање.

Услуга

Услугата во хотелот е се вклучено  шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски, вечера, доцна вечера, сладолед и колачи во одредено време од денот, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10.00 – 00.00, а la carte ресторан (азиски и ориентален, еднаш за време на престојот со претходна резервација), бар покрај базен и барови на плажа, лоби бар.
Со доплата: увозни премиум пијалаци, пијалаци после полноќ, жестоки пијалаци после полноќ, влез и пијалаци во дискотеката, свежо цедени сокови, енергетски пијалаци, флаширани пијалаци, Starbucks Café, À la carte ресторан Golden Boodha и наргиле.

Плажа

Хотелот има сопствена плажа, долга околу 1,6 км, со три вештачки лагуни. Плажата е дел со песок, а дел со камчиња и има марина и корален гребен. Задолжително е да се носат обувки за вода. Лежалките, чадорите и пешкирите за плажа се бесплатни.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

3VCQ+JW Hurghada 1, Egypt

Отвори во Google Maps