Прескокни кон содржината
PICKALBATROS BLU SPA RESORT (Adults Only)
Повлечи за повеќе слики

PICKALBATROS BLU SPA RESORT (Adults Only)

ХургхадаAll Inclusive

Локација 

Хотелот е сместен во популарната туристичка зона Мемша (до популарниот хотел Албатрос Вајт Бич) Oтворен во септември 2022 година, дел е од познатиот синџир Pickalbatros и е наменет само за гости над 16 години. Тоа е само 6 километри од аеродромот и 5 километри од Марина во Сакала.

Плажа
Има сопствена песочна плажа, гостите на Albatros Blu Spa Resort можат бесплатно да користат крпи, лежалки и чадори покрај базенот и на плажа. 

Содржина на хотелот
Во склоп на хотелот Albatros Blu Spa се главниот ресторан и неколку a la carte ресторани: италијански ресторан Alfredo, Asian L’Asiatique, Oriental Si Omar и Медитерански ресторан и неколку барови: лоби бар, 2 барови покрај базенот и бар на плажа. Дополнителните капацитети што ги нуди хотелот вклучуваат салон за убавина, услуги за перење, пеглање и хемиско чистење, изнајмување автомобили, лекарска услуга на повик, аптека, банкомат, продавници и продавници за сувенири. 

Содржина на собите
Хотел Albatros Blu Spa Resort има вкупно 318 модерно дизајнирани и опремени сместувачки единици: 227 луксузни соби со поглед на градина, базен или море, 86 јуниор апартмани со поглед на море и 5 апартмани. Сите соби имаат бања, фен, ТВ, телефон, клима, сеф, мини бар, апарат за кафе и чај, wi-fi интернет и балкон или тераса. 

Услуга
Услугата во хотелот е All Inclusive – појадок, ручек и вечера (самопослужување – избор од неколку јадења според правилата на хотелот). Концептот вклучува и закуски и локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Хотелот нуди главен ресторан и неколку a la carte ресторани – Alfredo (италијанска кујна), L’Asiatique (азиска кујна), Si Omar (ориентална кујна) и медитерански. За гостите се достапни и барови – лоби бар, два барови покрај базен и бар на плажа. Се доплаќа: a la carte ресторани, свежо цедени сокови, увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци и се останато надвор од концептот. Хотелот го задржува правото да ги менува деталите за услугата во зависност од сезоната (времето, содржината…).

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Pickalbatros Blu SPA Resort, Touristic Villages, Hurghada, Egypt

Отвори во Google Maps