
PICKALBATROS AQUA BLU RESORT
Положба
Хотелот се наоѓа на околу 15 km од центарот на Хургада и околу 7 km од аеродром.
Сместување
Вкупно 226 соби распоредени во неколку 3-катни згради.
Standard rooms (24 m², една спална, едно купатило, макс.2+1).
Две соби за лица со попреченост (на барање).
Family rooms (43 m², две посебни спални соби одвоени со лизгачка врата, едно купатило, макс. 2+2).
Large Family Rooms (43 m²).
Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина, фен, сателитска ТВ, клима, телефон, мини бар, сеф, поглед кон градина или базен, пегла (на барање), балкон или тераса.
Услуга
Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски во текот на денот, вечера, доцна вечера, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци до полноќ, палачинки и сладолед во одредено време, коктели, кафе, чај, колачи, À la carte ресторан со претходна резервација. Со доплата се сите увозни и премиум пијалаци, пијалаци во шише и лименка, пијалаци после полноќ, пијалаци во дискотека, наргиле, услуга во соба и сѐ што не е наведено во концептот.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторани (со азиска и италијанска кујна), барови низ хотелскиот комплекс, дискотека. Гостите можат да користат одредени ресторани и барови во Pickalbatros Aqua Park, Aqua Vista и Beach Albatros Resort.
Доктор, перење алишта, продавници, изнајмување кола, телефон, факс, фризер се со доплата. Wi-Fi интернет е бесплатен на јавните површини.
Плажа
Плажата е на околу 600 m од хотелот, зад Beach Albatros Resort. Мал дел е со корален гребен, а поголемиот дел е зона за капење. Лежалките и чадорите се бесплатни. Има бесплатен превоз до плажата на Beach Albatros Resort.
Спорт и забава
Хотелот има надворешни базени за возрасни и деца (три базени се загреани во зима), тобогани, еден базен со бранови, три џакузи, тениски терени, пикадо, аеробик, ватерполо, теретана, пинг понг, повеќенаменско игралиште, одбојка на плажа. Со доплата се СПА центар, третмани и масажи, опрема за тенис и осветлување за тениските терени, спортови на вода, нуркање, олимписки базен и сѐ што не е наведено во концептот.
Гостите може да ги користат базените на Albatros Aqua Park и Aqua Vista. Забавни програми во текот на денот и шоу навечер, мини клуб за деца (4-12 год), аква парк и детско игралиште.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Pickalbatros Aqua Blu Resort - Hurghada, Hurghada - Safaga Road, Hurghada 1, Egypt
Отвори во Google Maps