
PICKALBATROS ALF LEILA WA LEILA RESORT
Положба
Хотелот се наоѓа на околу 17 км од центарот на Хургада и околу 13 км од аеродромот. Отворен е во 2000 година, а реновиран во 2010 година.
Сместување
Вкупно 547 соби. Стандардни соби (42 м², една спална, едно купатило, макс. 2). Фамилијарни соби (56 м², две посебни спални соби, едно купатило, макс.3+2). Соби за лица со попреченост (на барање). Сите соби се со поглед кон градина или базен, приватно купатило со туш, фен, клима, телефон, сателитска ТВ, електричен бокал, сет за кафе и чај, мини бар (секојдневно се полни со шише вода), сеф, Wi-Fi интернет, балкон или тераса.
Услуга
Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски во текот на денот, сладолед во одредено време, вечера, доцна вечера, кафе и колачи, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до полноќ, палачинки, коктели. Со доплата се сите увозни пијалоци, пијалоци во шише и лименка, наргиле, À la carte ресторани, услуга во соба, пијалоци после полноќ и сѐ што не е вклучено во концептот.
Содржини
Главен ресторан за шведска маса, À la carte ресторани со ориентална, италијанска, азиска и интернационална на, барови низ хотелскиот комплекс. Со доплата се доктор, фризер, перење алишта, продавници, телефон, изнајмување кола и сѐ што не е вклучено во концептот. Wi-Fi е бесплатен на јавните површини од хотелот.
Плажа
Хотелот се наоѓа зад Dana Beach Resort и користи приватен дел а плажата. Се наоѓа на околу 900 м од плажа до која има редовен шатл бус. Мал дел е со корален гребен, а поголемиот дел е зона за капење со плитка вода. Лежалки и чадори за сонце се бесплатни.
Спорт и забава
Надворешни базени за возрасни и деца (3 базена се загреани во текот на зимата), 6 тобогани (за деца 4-10), ватерполо, аеробик, одбојка на плажа, фудбал, тениски терени, пинг понг, мини голф, теретана. Со доплата се спортови на вода, нуркање, третмани во СПА центарот и масажи, опрема за тенис и осветлување за тениски терени, билијард, сѐ што не е вклучено во концептот. Забавни програми во текот на денот и шоу програми навечер. Клуб за деца (4-12 год.), детско игралиште, два базена.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Pickalbatros Alf Leila Wa Leila Resort - Neverland Hurghada، Safaga Rd, Hurghada 1, Egypt
Отвори во Google Maps