
MINAMARK BEACH RESORT & SPA
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Сакала, на околу 7 мин. пешачење од познатата Марина и на 7 мин. возење од аеродромот во Хургада.
Сместување
Вкупно има 298 со поглед на море, базен, градина или градот. 227 соби се со балкон, 71 соба се без балкон (Club соби). Сите собите имаат клима уред, сателитска ТВ, телефон, фен, мини бар (се доплаќа, на лице место), сеф, бања, Wi-Fi, сет за кафе.
Двокреветните соби се со два единечни кревети или брачен кревет или двокреветни со дополнителен кревет (два единечни кревети или брачен кревет и дополнително легло). Club собите се во посебна анекс-зграда, имаат поглед на улица/назад и се без тераса и можат да сместат најмногу 2 лица.
Стандардните соби повеќето имаат балкон/тераса и се наоѓаат во главната зграда, може да имаат поглед на улица/назад.
Супериор соби повеќето имаат тераса и се во главната зграда.
Услуга
Услугата во хотелот е All inclusive според правилата на хотелот. Услуга на шведска маса - самопослужување, појадок, ручек, вечера, ужини, сладолед само за деца и во одредено време, локални безалкохолни пијалоци, избор на повеќе јадења, правилото на хотелот е дека поради недоволен број на гости или други фактори, во некои периоди, било сезона или надвор од сезоната, се служи мени наместо шведска маса, кое не влијае на квалитетот на дадената услуга.
Содржини
Хотелот има рецепција, лоби бар (се доплаќа), сеф на рецепција (се доплаќа, на лице место), надворешен базен за возрасни и деца, бар покрај базен, бар на плажа, главен ресторан, 3 À la carte ресторани, продавници. Wi-Fi интернет е достапен во лобито, диско, анимација за возрасни и деца, игралиште за деца. 2 базени за возрасни и 2 за деца, аква парк со тобогани за деца и возрасни. Џакузи, сауна, масажа, клуб за деца, одбојка, пинг-понг, фитнес центар, фризер, салон за убавина, турска бања, дневни анимации за деца, детско кино.
Со доплата: интернет услуга, перална, хемиско чистење, доктор, Health club - СПА и фитнес центар, пинг-понг, билијард, спортови на вода, масажи, À la carte ресторани.
Плажа
Мала приватна песочна плажа, едниот дел со корален гребен, другиот дел со постепен влез во морето.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Minamark Beach Resort & Spa, Sheraton Road, Hurghada 1, Egypt
Отвори во Google Maps