
MERAKI SUNRISE RESORT
Локација
Овој ресорт во бохо-шик стил нуди вистинско Египетско гостопримство и уникатен амбиент. Гостите можат да се релаксираат на приватна песочна плажа веднаш до самото Црвено Море. Хотелот се наоѓа во стариот дел на Хургада на 500м од центарот и 13км од аеродромот. Прв ресорт во Хургада кој е далеку познат по своите забави. MERAKI ќе ги долови боемските души во „all-in“ искуство. Ресорт со 4* но услуга вредна за 5 ѕвезди.
Соби
Хотелот располага со 270 соби кои се специјално дизајнирани и комбинираат Бохемски стил со атмосфера за пријатен престој. Сите соби имаат модерна бања со туш, сателитска ТВ, телефон, мини фрижидер, клима уред и балкон или тераса.За максимално уживање и доживување на самиот хотел препорачуваме сместување во некои од собите како Gypster или Merakilious.
Содржини
Хотелот е ексклузивен само за возрасни. Во рестораните и баровите во рамките на објектот можете да уживате во вкусни оброци и широк избор на пијалоци. Угостителската понуда ќе го задоволи вкусот на сите гости. Оброците се на шведска маса и се служат во главниот ресторан Munchery, а сместувачкиот објект има и 7 различни à-la-carte ресторани. Meraki Resort нуди 6 барови на различни локации и со различен амбиент, каде што можете да се опуштите со убави коктели на крајот од прекрасниот ден.
Спорт и забава
Два базени за пливање, лизгалки на вода, фитнес центар, активности на вода во базен, одбојка на плажа, ноќна одбојка, тениски игралишта (осветлување со доплата), пинг понг, билијард, јога и медитација, пилатес.Со доплата: спортови на вода, нуркање, аква центар, јахта, стаклени чамци.. Се организираат секој ден многубројни забавни програми, жива музика, DJ забави, театар на плажа, амфитеатар и уште многу други активности.
Плажа
Мераки се наоѓа во срцето на Хургада со најголемата плажа на Црвеното Море (2,6 км).
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Meraki Resort Adults Only, Hurghada 2, Egypt
Отвори во Google Maps