Прескокни кон содржината
MAGIC BEACH HOTEL
Повлечи за повеќе слики

MAGIC BEACH HOTEL

ХургхадаHalf Board

Локација

Хотелот се наоѓа во Дахар, на околу 13 километри од аеродромот.

Сместување
Хотелот е отворен во 2011 година, се состои од шесткатна зграда и нуди 122 сместувачки единици.Сите соби имаат балкон/тераса, клима уред, сателитска LCD телевизор, сеф, фен, мини бар. Со доплата: услуга во соба, телефон.

Услуга
Услугата во хотелот е All Inclusive - појадок, доцна појадок, ручек, вечера (самопослужување - избор од неколку јадења според правилата на хотелот). Концептот вклучува пица, колачи, грицки и локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Гостите имаат пристап до главниот ресторан и неколку барови - Beach Bar, Lobby Bar и Pizza Station. Со доплата: свежо цедени сокови, увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци и се останато надвор од концептот.

Содржини
Хотелот има базен за возрасни и базен за деца, пинг-понг, Wi-Fi интернет, анимации.Сервис за перење и пеглање, лекар, продавници. Со доплата: билијард, спортови на вода.

Плажа
Хотелот има своја плажа, еден помал дел е со корален гребен, додека поголемиот дел е простор со плитка вода. Гостите можат да користат чадори и лежалки бесплатно.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Magic Beach Hotel, Hurghada 2, Egypt

Отвори во Google Maps