
LEMON & SOUL HOTEL MAKADI BAY (Adults Only 16+)
Локација
Хотел Lemon & Soul Makadi 4 * (Adults Only, 18+) се наоѓа во заливот Макади јужно од Хургада. Од аеродромот е оддалечен околу 30 километри. Од другата страна на хотелот има уште два хотели во синџирот – Labranda Club Makadi 4 * и Labranda Royal Makadi 5 *, чии плажи можете да ги користите како гости на овој хотел.
Содржина на хотелот
Во склоп на хотелот има рецепција, лоби, надворешен базен (загреан во зима), Спа центар за моменти на мир и релаксација (со сауна, амам, масажи, џакузи – со доплата), салон за убавина, фитнес центар. Гостите можат бесплатно да играат пикадо, билијард и друштвени игри. Песочната плажа, со лежалки и и чадори за сонце, се наоѓа на неколку минути од хотелот (околу 1000 m), а гостите имаат бесплатен организиран превоз до плажата. Голем број дополнителни активности се достапни во Labranda Club Makadi со дополнителни трошоци, вклучувајќи нуркање, спортови на вода, кану, јавање коњи и тенис. Wi-Fi е бесплатно на сите јавни површини на хотелот.
Содржина на собите
Хотелот располага со 281 модерна соба со приватен балкон и поглед на базен или градина. Нудиме стандардни single, double и triple соби, семејни соби и апартмани. Секоја соба во хотелот има клима и телевизор со рамен екран со сателитски канали, приватен тоалет опремен со када или туш, минибар, фен, гардеробер и апарат за чај/кафе.
Услуга
All inclusive – самопослужување – според правилата на хотелот. Оброците во рамките на концептот AI се служат во ресторанот Zesty во склоп на хотелот, како и во угостителските објекти на соседните хотели во синџирот. Гостите исто така можат да уживаат во вечерата во шеталиштето Лабранда со доплата, каде што има ресторани и барови како што се: Rock & Roll Burger House, грчки ресторан Taverna Paros, Oriental Café Cairo, кубански ресторан Pequena Habana, азиски и индиски ресторан Yum Asian Kitchen & Bar и пицерија.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Lemon and Soul Makadi Bay, طريق الغردقة - سفاجا، Hurghada 1, Egypt
Отвори во Google Maps