Прескокни кон содржината
JAZ PALMARIVA BEACH ( EX LABRANDA CLUB MAKADI )
Повлечи за повеќе слики

JAZ PALMARIVA BEACH ( EX LABRANDA CLUB MAKADI )

Макади БаиAll Inclusive

Положба

Хотелот се наоѓа во заливот Макади, на 35 км од центарот на Хургада и 30км од аеродромот.

Сместување

Вкупно 339 соби распоредени во 8 згради на 3 ката.
Стандардни соби (22 м², една сплана со дупли или единечни кревети, едно купатило, макс.2+1 дете).
Фамилијарни соби (36 м², еден дупли  креет и еден едиечен, едно купатило, макс.3+1 дете).
Сите соби имаат со купатило со туш, фен, САТ ТВ, клима уред, мини бар, сеф, телефон, балкон или тераса.

Услуга

Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ноќни закуски, ресторан на плажа со закуски, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, слаткарница, À la Carte рестораните со ориентална, грчка, кубанска, италијанска, азиска кујна се со претходна резервација, специјално диететско мени (на барање), кафе, чај, колачи во текот на денот, барови низ хотелскиот комплекс.
Со доплата се увозни пијалоци, À la Carte ресторан со морска храна и дел од рестираните во Makadi Promenade, храна и пијалоци по наведеното време за услуга, и сѐ останато што не е наведено во концептот.

Содржини

Главен ресторан, À la Carte ресторани, барови, неколку продавници, менувачница, салон за убавина, сервис за перење и пеглање.
На шеталиштето помеѓу хотелот Labranda Royal Makadi и Labranda Club Makadi се наоѓа Makadi Promenade, каде што има грчки, италијански, кубански, азиски, бургер, египетски ресторан, Banza Sushi Bar, Teppanyaki bar.
Доктор, перење алишта, шатл автобус до центарот на градот, фризер, салон за убавина, продавници, аптека, телефон се со доплата. Wi-Fi интернет со ниска брзина е бесплатен во поголемиот дел од хотелот.

Плажа

Приватна песочна плажа. Лежалките, чадорите за сонце и крпите за гостите на хотелот се бесплатни.

Спорт и забава

Отворен базен, кој се загрева во текот на зимската сезона, детски базен, одбојка и фудбал на плажа, пинг-понг, билијард, пикадо, тениски терени, сквош, теретана.
Со доплата се СПА центар, сауна, парна и турска бања, џакузи, масажа, спортови на плажа и на вода, осветлување и опрема за тенис.
Забавни анимациски програми во текот на денот и навечер.
Мини клуб и игралиште со анимација за деца.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

LABRANDA Club Makadi, Safaga Rd, Hurghada 1, Egypt

Отвори во Google Maps