
KAISOL ROMANCE (ex. SUNRISE ROMANCE RESORT) (ADULTS ONLY)
Локација
Хотелот се наоѓа во областа Сал Хашиш на 25 км јужно од Хургада и 21 км од аеродромот. Хотелот е наменет исклучиво за возрасни лица (над 16 години).
Сместување
Хотелот располага со 25 соби. Сите соби имаат балкон или тераса, бања со када или туш, фен, сателитска ТВ, клима уред, сеф и мини-бар (се доплаќа).
Superior room има поглед на планина или град.
Deluxe room има поглед на градина или базен или страничен поглед на море.
Deluxe Swim Up собата е на приземје, со директен пристап до базенот.
Содржини
Главен ресторан за шведска маса, a la carte ресторани кои служат индиска, морска храна, италијанска и кинеска храна, барови во хотелскиот комплекс, бар на плажа, Wi-Fi интернет бесплатно.
Со доплата: спа центар, паркинг, банкомат, менувачница, фризер.
Спорт и забава
Надворешни базени.
Со доплата: спортови на вода, нуркање, пикадо, пинг-понг, билијард.
Услуга
Услугата во хотелот е се вклучено шведска маса за појадок, ручек и вечера. Сите пијалоци, топли и ладни, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци се вклучени.
Со доплата: услуга во соба.
Плажа
Хотелот има сопствена песочна плажа долга околу 200 метри, сместена преку променадата. Помал дел од плажата има корален гребен, а поголем дел е прекрасно уреден простор за капење со плитка вода. Пешкири, лежалки и чадори за сонце се бесплатни.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
KaiSol Romance Resort Sahl hasheesh, Old Town، Piece 33, Hurghada 1, Egypt
Отвори во Google Maps