Прескокни кон содржината
KAIRABA AQUA MONDO RESORT (ex. AQUA MONDO ABU SOMA)
Повлечи за повеќе слики

KAIRABA AQUA MONDO RESORT (ex. AQUA MONDO ABU SOMA)

Сома БаиAll Inclusive

Локација

Хотелот се наоѓа во областа Сома Беј, која е препознатлива по најубавите плажи, на околу 40 км од аеродромот. Хотелот е нов, отворен на почетокот на март во 2022 година. 

Содржина на хотелот
Хотелот има 4 базени ( еден со тобогани ) , аква парк, билијар, дневни и вечерни анимации, одбојка на плажа. На гостите на располагање им се и четири ресторани, главен ресторан, Азиски ресторан, Либански ресторан, Италијански ресторан ( секој од овие ресторани им стои на располагање на гостите еднаш во текот на престојот бесплатно) , Lobby bar, Terrace Bar, Beach Bar, Pool Bar, Спа центар, теретана. 

Плажа
Хотелот има своја сопствена песочна плажа. Користењето на лежалки и чадори на плажа и покрај базенот се бесплатни. 

Содржина на собите
Хотелот во понуда има 309 сместувачки капацитети и сите имаат балкон или тераса, клима, ТВ, телефон, сеф, фен за коса, мини бар и room service кои се доплаќаат. Стандардни соби се со големина 36-37m², Junior suite се со големина 70m², Фамилијарни соби се со големина 70m², 

Услуга
All Inclusive – појадок, ручек, вечера ( самопослужување ). Хотелот во понудата има главен ресторан Mondo и осум a la carte ресторани – La Mamma (Италијанска кујна), Tagine (Либанска кујна ), El Masry (Египетска кујна), Red Dragon (Азиска кујна), Pancho (Мексиканска кујна), Banzai (Суши), Del Mare ( Специјалитети со риба ) и Eat&Go.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Kairaba Aqua Mondo Resort, Soma Bay, Safaga, Egypt

Отвори во Google Maps