Прескокни кон содржината
JAZ MAKADINA
Повлечи за повеќе слики

JAZ MAKADINA

Макади БаиAll Inclusive

Локација

Јаz Makadina се наоѓа во Хургада, во центарот на туристичката зона Makadi. Хотелот е 35 км од центарот на Мемша, 3 км од Makadi Water World и 30 км од аеродромот.

Соби
Сите 270 Superior соби имаат бања (туш / WC), фен, ЛЦД телевизор, телефон, клима уред, сеф, мини бар, повеќето соби имаат балкон / тераса / француски балкон или прозорец.
Основните "Superior" соби се наменети за макимум 2 возрасни лица + бебе. Сместување на 2 возрасни со 1дете над 2год. е возможно само во лимитиран број на соби и е исклучиво предмет на барање и потврда.

Содржини
Хотелот е изграден во Nubian-марокански стил. Покрај главниот ресторан на хотелот, има 7 a la carte ресторани, shisha бар, рент-а-кар, аптека, фризер, продавници, продавници за сувенири, салон за убавина, банкомат, сервис за перење и пеглање, интернет центар. Гостите без дополнителни трошоци може да користат крпи, лежалки и чадори за сонце.

Спорт и забава
Хотелот нуди 2 отворени базени (еден загреан во зима), детски базен, спа, отворен џакузи, тениски игралишта, одбојка, пинг-фудбал, пинг-понг, пикадо, билјард, фитнес, марина и центар за нуркање. Понуда за најмладите гости вклучува детски базен, Aqua Park со тобогани, мини клуб, анимација и игралиште. За гостите од Jaz Makadina e достапen Makadi Water World (50 различни слајдови) за кој редовно се обраќа шатл-автобус, како и до блискиот голф терен. Дел од хотелските содржини се споделени со или лоцирани во некој од другите хотели од елитниот хотелски комплекс Мадинат Макади.

Плажа
Хотелот има приватна песочна плажа, која има корален гребен што го прави хотелот интересен за љубителите на подводниот свет и нуркање. За гостите на хотелот се достапни крпи, чадори и лежалки покрај базен и плажа.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Jaz Makadina, Safaga Rd, Hurghada 1, Egypt

Отвори во Google Maps