Прескокни кон содржината
JAZ MAKADI SARAYA PALMS
Повлечи за повеќе слики

JAZ MAKADI SARAYA PALMS

Макади БаиAll Inclusive

Локација

Jaz Makadi Saraya Palms 4* се наоѓа во туристичката област Макади. Хотелот е совршен за релаксирачки семеен одмор со деца. Аеродромот Хургада е на 30-минутно возење до хотелот.

Соби
Хотелот е отворен во 2012 година, хотелот се подложува на годишно етапно реновирање. Хотелот се состои од 10 двокатни и трикатни згради. Хотелот нуди сместување во 102 комплетно опремени и луксузно опремени апартмани и студија во кои удобно ќе се сместат од 2 до 6 лица.: 14 студиа, 50 апартмани со една спална соба, 23 апартмани со две спални и 6 апартмани со три спални.
Сите апартмани и студија се индивидуално климатизирани и секој има тераса или балкон со маса и столови. Апартманите имаат простор за дневна соба, а и апартманите и студијата се опремени со најнови кујнски капацитети и опрема.

Хотелски содржини
Комплексот има своја песочна плажа, терен за голф, трговски центар, како и најголемиот воден парк во областа Хургада. Jaz Makadi Saraya Palms 4 * има мала, пријатна територија и како и сите хотели од овој синџир, има одлична услуга. Shams Restaurant е главниот ресторан но исто така има и а ла карт ресторани: Amaya Restaurant; Sofra; NINO'S; Makai Tuka и неколку барови. Дел од хотелските содржини се споделени со или лоцирани во некој од другите хотели од елитниот хотелски комплекс Мадинат Макади.

Плажа
На 10 минутно пешачење од хотелот се наоѓа сопствена песочна плажа со бесплатни чадори и лежалки за гостите.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Jaz Saraya Palms Makadi فندق مكادى سرايا بالمز, Hurghada 1, Egypt

Отвори во Google Maps