Прескокни кон содржината
JAZ MAKADI OASIS RESORT
Повлечи за повеќе слики

JAZ MAKADI OASIS RESORT

Макади БаиAll Inclusive

Локација

Овој хотел изграден во Нубиски стил, се наоѓа во елитниот туристичко хотелски комплекс - Мадинат Макади. Хотелот е на втора линија но располага со сопствен приватен сектор од песочна плажа со гребен за нуркање. Меѓународниот аеродром Хургада е на 35-минути возење. Ресортот Jaz Makadi Oasis е оддалечен 3 км од аква паркот Makadi Water World со 50 различни лизгалки за возрасни и деца, до каде се стигнува со бесплатен шатл бус кој повеќе пати во текот на денот кружи низ комплексот.

Содржини
Базенот, кој е во стил на лагуна има лизгалки и е опкружен со палми и лежалки. Со огромен базен, три барови и врвен опсег на активности погодни за целото семејство, Jaz Makadi Oasis Resort ги задоволува сите критериуми за луксузен одмор. Базенот налик на езеро го зазема централното место и е центар на хотелот. Ресторанот Ел Хамбра е главниот ресторан и служи доручек, ручек и вечера на шведска маса. Храната е разноврсна а во ресторанот редовно се организираат тематски вечери, додека акцијата продолжува навечер кога музичари и танчери во живо го одржуваат нивото на енергија високо! Ел Шамуса Бар нуди пијалоци и закуски покрај базенот. Лоби барот е достапен 24 часа и нуди традиционален чај. Дел од хотелските содржини се споделени со или лоцирани во некој од другите хотели од елитниот хотелски комплекс Мадинат Макади.

Сместување
Jaz Makadi Oasis нуди климатизирани соби со балкон и поглед на базенот и градината. Вкупно 521 соби и сите се опремени со сеф, приватно купатило со фен, сет за кафе и чај, сателитски ТВ, телефон и минибар (со доплата).

Плажа
Хотелската песочна плажа е на околу 10 минути пријатно пешачење од Jaz Makadi Oasis. Плажата е со постепен песочен влез во вода, а во близина има и корални гребени за оние кои сакаат да нуркаат. Извонредните можности за нуркање го прават заливот Макади многу популарно одморалиште.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Jaz Makadi Oasis Resort, Hurghada 1, Egypt

Отвори во Google Maps