
JAZ CASA DEL MAR BEACH
Локација
Се наоѓа на новото шеталиште на Хургада (Мемша), од Сакала и аеродромот е оддалечен околу 5 км.
Сместување
Хотелот располага со повеќе од 236 соби. Сите имаат балкон/тераса/веранда со поглед кон градина, базен или море, апарат за вода за чај/кафе, фен за коса, сателитска ТВ, интернет, клима-уред, сеф, телефон и мини бар.
Superior соби 30 м², со француски кревет или два единечни кревети имаат поглед кон градина, базен или море.
Superior трокреветни соби 36 м², со француски кревет или два единечни кревети и уште еден единечен кревет, имаат поглед кон градина и базен. Макс. 2 + 1 или 3.
Deluxe соби 55 м², се состојат од две простории (спална соба со француски кревет и дневна соба со аголна гарнитура), со поглед кон базен, макс. 2 + 2 или 3 +1.
Family suite 58 м², се состојат од 2 спални соби, во едната со француски кревет, во другата со два единечни кревети, макс. 4 или 2 + 2 .
Со доплата: room service, телефон, мини бар.
Содржини
Хотелот има главен ресторан La Palma, Pomodoro (италијанска кујна), Aqua’s Mediterranean (медитеранска кујна), Oscar’s Grill и Palmira. Во понуда се и неколку барови: Lobby Bar, French Bistro, два Pool Bar-а, Oriental Bar и Beach Bar.
Со доплата: доктор, услуга за перење и пеглање алишта, продавница за сувенири.
Спорт и забава
Хотелот има вкупно 6 базени од кои еден само за возрасни и 2 за деца, тим аниматори со богата програма, фитнес центар, пинг-понг, одбојка на песок и терени за различни спортови. Мал аква парк се наоѓа во хотелот Jaz Casa del Mar Resort преку улица.
Со доплата: интернет кафе, билијард, спортови на вода, масажи, третмани за нега на лице и тело.
Услуга
Услугата во хотелот е ултра се вклучено ран појадок, појадок, ручек и вечера (самопослужување – избор на повеќе јадења според хотелските правила), локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, ужини и сладоледи.
Со доплата: свежо цедени сокови и увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, a la carte рестораните (бесплатни еднаш во текот на престојот), наргиле, како и дискотеката во хотелот преку улица.
Плажа
Хотелот се наоѓа на една од најубавите лагуни во Хургада. На плажата, поголемиот дел е убава зона за капење со постепен влез во длабочина. Гостите на хотелот можат без доплата да користат лежалки, чадори и пешкири.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Jaz Casa Del Mar Beach, Hurghada 1, Egypt
Отвори во Google Maps