
JAZ AQUAVIVA
Положба
Jaz Aquaviva е на 30 км од аеродромот во Хургада и 29 км од Сакала, стариот живописен центар на Хургада. Хотелот е издвоен и опкружен со голф терени, а само на 3 км е Макади Сук каде што може да уживате во изборот на многубројни ресторани, барови и продавници.
Сместување
Хотелот располага со 487 соби. Стандардните соби Супериор соби Фамилијарни соби Апартман Соби за лица со попреченост Сите соби имаат купатило со туш / када, фен, сеф, мини бар (со доплата), телефон, клима уред, сет за чај или кафе, САТ ТВ, балкон или тераса.
Услуга
Сѐ вклучено главен ресторан со шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, слаткарница, два бара, закуски на плажа, сладолед во определени часови, кафе, чај, колачи и торти во определени часови, часови за готвење, пијалоци во главниот ресторан и барови, вегетаријанско мени и À la carte ресторан еднаш за време на престојот со претходна резервација од 48 часа, бесплатен влез во аква паркот. Сите пијалоци од концептот се служат од 10.00 – 00.00 ч. Сите закуски од концептот се служат од 12.00-16.00 ч.
Содржини
Хотелот е модерен и се простира на површина од 40.000 м², со аква парк кој има оклоу 50 тобогани. Овој аква парк - MAKADI WATER WORLD го користат и другите Jaz хотели со локација во Мадинат Макади. Хотелот располага и со 8 отворени базени, Спа Центар (MIVIDA) со разновидни масажи (со доплата), сауна, фитнес, повеќе ресторани, вклучувајќи го и главниот ресторан (Amaraya и À la carte ресторани со медитеранска, италијанска кујна и скара ресторан), повеќе барови, пинг понг, тенис, ватерполо, гимнастика, пикадо, теретана, мини клуб за деца, игралиште за деца, продавници итн. Доплата за услуги за доктор, продавници, спортови на вода, сервис за перење и пеглање алишта и сл. Wi-fi интернет (за 2 уреда) е бесплатен на јавни површини.
Плажа
Хотелот се наоѓа на околу 3,5 км од песочна плажа, до која има редовен превоз со мини бус. На плажата дел е со корален гребен, погоден за љубителите на подводниот свет и нуркање. Лежалките и чадорите за сонце се бесплатни.
Дополнителни информации
Внимание Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code. Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично.
Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција. Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Jaz Aquaviva, Safaga Rd, Hurghada 1, Egypt
Отвори во Google Maps