Прескокни кон содржината
HAWAII LE JARDIN AQUA PARK RESORT
Повлечи за повеќе слики

HAWAII LE JARDIN AQUA PARK RESORT

Ал Ахијаа РоадAll Inclusive

Положба

Хотелот се наоѓа на околу 15 km од центарот на Хургада, 10 km од Ел Гуна и околу 20 km од аеродромот.

Сместување

Вкупно 569 соби.
Standard rooms (25 m², една спална соба со брачен кревет или два единечни кревети, купатило со туш кабина).
Family rooms (50 m², една спална соба со дупли кревет, една дневна соба со софа).
Bungalow (44 m², една спална со дупли кревет или два единечни кревети, купатило со туш, тераса).
Family bungalow (48 m². Една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет, едно купатило, тераса).
Сите соби имаат приватно купатило со туш, фен, сателитска ТВ, сеф, мини бар (се дополнува секојдневно само со вода, по едно мало шише по лице), клима уред, телефон, балкон или тераса.

Услуга

Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, ручек, вечера, зауски во текот на денот, бар покрај базен, бар на плажа, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, локални коктели, чај и кафе, влез во дискотека. Со доплата се увозни пијалаци, пијалаци во шише и лименка, свежо цедени сокови, милкшејк, турско кафе, наргиле, À la carte ресторани (италијански, рибен), храна и пијалаци после полноќ, наргиле, услуга во соба.  

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, бар покрај базен и на плажа, лоби бар, À la carte ресторани (со доплата), дискотека.
Со доплата се доктор на барање, продавници, перење алишта, изнајмување кола, фризер. Wi-Fi интернет во лоби е бесплатен (со ограничена брзина и број на корисници), а во собите, покрај базен и на плажа е со доплата.

Плажа

Хотелска песочна плажа, со бесплатни крпи, лежалки и чадори за сонце. Еден помал дел е со корален гребен, а поголемиот дел од зоната за капење е плитка вода и задолжителна е употреба на чевли за капење. Hawaii Le Jardin дели плажа со Hawaii Riviera.

Спорт и забава

Хотелот располага со три базени - два за возрасни и еден базен за деца (еден базен за возрасни и детски базен се греат во зима), аква парк, тениско игралиште, мини фудбалско игралиште, одбојка на плажа, пинг понг, аеробик, теретана.
Со доплата се СПА центар, масажи, третмани, сауна, парна бања, џакузи, центар за нуркање, аква центар.
Забавни програми во текот на денот и навечер. Мини клуб за деца (5-12 години), мини диско.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Hawaii Le Jardin Aqua Park Hurghada, Hurghada 2, Egypt

Отвори во Google Maps