Прескокни кон содржината
HAWAII CAESAR PALACE AQUA PARK
Повлечи за повеќе слики

HAWAII CAESAR PALACE AQUA PARK

Ал Ахијаа РоадAll Inclusive

Локација

Хотелот се наоѓа на околу 18км од аеродромот во Хургада, околу 22 км од новиот дел на Хургада – Мемша, а околу 15 км од стариот дел - Сакала 

Сместување 
Вкупно 459 соби. Стандардни соби (34 м², макс. 2+2). Фамилијарни соби (49 м², една поголема соба со дупли кревет и единечен кревет, макс. 3+2) Сите соби имаат приватно купатило со туш или када, фен, клима, сателитска ТВ, мини бар, сеф, балкон со поглед кон планина, градина, град, електричен бокал, телефон. 

Услуга 
Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, ручек и вечера, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, детско и диететско мени, бар со закуски,. Не се вклучени увозни пијалоци, свежо цедени сокови, услуга во соба, наргиле, и сѐ останато што не е наведено во концептот. 

Содржини 
Главен ресторан со шведска маса, барови низ хотелскиот комплекс, ноќен бар со DJ. Доктор, перење и пеглање алишта, хемиско чистење, факс, телефон, изнајмување кола, продавници, фризер, салон за убавина се со доплата. Wi-Fi интернет е бесплатно во лобито и јавните простории. 

Плажа 
Хотелска приватна плажа со бесплатни лежалки и чадори за сонце. Мал дел од плажата е со корален гребен, а поголемиот е зона за капење со плитка вода. Задолжително користење на обувки за капење. 

Спорт и забава 
Отворени базени за возрасни и деца, аква парк со 25 тобогани, одбојка на плажа, кошарка, аеробик, пикадо, теретана. Со доплата се спортови на вода, терени за сквош и тенис, билјард, турска бања, сауна, масажа и останати третмани во СПА центарот. Забавни програми во текот на денот и навечер. Мини клуб за деца, детско игралиште, играчки.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Hawaii Caesar Palace Hotel & Aqua Park, Al hayaa، Hurghada 2, Egypt

Отвори во Google Maps