
GRAVITY HOTEL AND AQUA PARK HURGHADA
Положба
Хотелот наоѓа Хургада, на само 5 минути од аеродромот.
Сместување
Вкупно 550 соби.
Superior rooms (45 m², макс.3 лица).
Superior deluxe (60 m², макс. 3 лица, поглед на море).
Family room (90 m², макс. 3+2 деца).
Family room (90 m², една спална соба со француски кревет, одвоена со врата од соба со софи на спуштање, макс. 3+2 деца).
Suite (120 m², три посебни кревети, дел за седење со софа, поглед кон море, макс. 3+2 деца).
Gravity Suite (120 m², две спални соби – едната со дупли кревет, другата спална со два единечни кревети, дневна соба со софа, трпезарија, 2 купатила, поглед кон море, макс. 3+3 деца).
Сите соби имаат приватни купатила со туш, фен, клима, сателитска ТВ, телефон, мини бар, електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, балкон или тераса
Услуга
Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, ручек, вечера, доцна вечера, доцна вечера, ран појадок, попладне кафе, чај и колачи, закуски во текот на денот, пица, À la carte ресторани со италијанска, ориентална, медитеранска, азиска, мексиканска, бразилска и јапонска кујна, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до полноќ, пијалаци и влез во диско, локални коктели, бар со закуски покрај базен и на плажа, детско катче во главниот ресторан. Со доплата се увозни пијалоци, флаширани пијалоци, лименки, пијалоци после полноќ, мини бар, услуга во соба, повторна употреба на À la carte ресторани, наргиле.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, лоби бар, бар на плажа, бар покрај базен, диско клуб, À la carte ресторани (италијанска, ориентална, медитеранска, азиска, мексиканска, бразилска и јапонска кујна), диско клуб.
Со доплата се доктор, перење и пеглање алишта, телефон, изнајмување кола, шатл превоз до градот, продавници, салон за убавина, фри шоп. Wi-Fi е бесплатен во целиот хотел.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа со природна лагуна. Лежалки и чадори за сонце може да се користат без доплата.
Спорт и забава
7 базени за возрасни и деца, од кои едниот е затоплен во текот на зимата, аква парк, пинг понг, одбојка на плажа, пикадо, бока, фудбал, теретана, степ аеробик, ватерполо, аеробик во вода.
Со доплата се спортови на вода, билијард, голф кола, скутер, велосипед, електричен велосипед, масажи и третмани во СПА центарот, сауна, турска бања.
Забавни програми во текот на денот и навечер. Мини клуб за деца, детско игралиште, мини диско навечер.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Gravity Hotel & Aqua Park Hurghada, Hurghada 1, Egypt
Отвори во Google Maps