Прескокни кон содржината
GRAVITY AQUAPARK SAHL HASHEESH (EX.OCEAN BREEZE SAHL HASHEESH)
Повлечи за повеќе слики

GRAVITY AQUAPARK SAHL HASHEESH (EX.OCEAN BREEZE SAHL HASHEESH)

Сахл ХашеешAll Inclusive

Положба

Хотелот наоѓа во Сахл Хашиш, на околу 25 km од аеродромот и на околу 28 km од центарот на Хургада.

Сместување

Вкупно 550 соби.
Superior rooms (28 m², макс.2+1).
Deluxe room (30-40 m², макс. 3 лица).
Family Deluxe room (45 m², една спална соба со француски кревет, одвоена со врата од соба со софи на спуштање, макс. 3+1).
Сите соби имаат приватни купатила со туш, фен, клима, сателитска ТВ, телефон, мини бар, сет за кафе и чај, сеф, балкон.

Услуга

Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, доцна вечера, ран појадок, попладне кафе, чај и колачи, закуски во текот на денот, пица, À la carte ресторани  со кинеска, италијанска, ориентална, медитеранска, азиска, мексиканска, бразилска и јапонска кујна, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до полноќ, пијалаци и влез во диско, локални коктели, бар со закуски покрај базен и на плажа, детско катче во главниот ресторан. Со доплата се увозни пијалоци, флаширани пијалоци, лименки, пијалоци после полноќ, мини бар, услуга во соба, повторна употреба на À la carte ресторани, наргиле.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, лоби бар, бар на плажа, бар покрај базен, диско клуб, À la carte ресторани (кинеска, италијанска, ориентална, медитеранска, азиска, мексиканска, бразилска и јапонска кујна), диско клуб.
Со доплата се доктор, перење и пеглање алишта, телефон, изнајмување кола, шатл превоз до градот, продавници, салон за убавина, фри шоп. Wi-Fi е бесплатен во целиот хотел.

Плажа

Хотелска приватна песочна плажа со платформа околу 200 m и приватна лагуна. Еден дел од плажата е со корален гребен, а поголемиот дел е зона со плитка вода. Влезот во водата е со корали, и е плитка зона на почетокот од плажата. Лежалки и чадори за сонце може да се користат без доплата.

Спорт и забава

7 базени за возрасни и деца, од кои едниот е затоплен во текот на зимата, аква парк, пинг понг, одбојка, пикадо, бока, теретана, степ аеробик, ватерполо, аеробик во вода. Со доплата се спортови на вода, билијард, голф кола, скутер, велосипед, електричен велосипед, масажи и третмани во СПА центарот, сауна, турска бања.
Забавни програми во текот на денот и навечер. Мини клуб за деца, детско игралиште, мини диско навечер.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Gravity Hotel Sahl Hasheesh, South Marina Drive, Hurghada 1, Egypt

Отвори во Google Maps