Прескокни кон содржината
EMPIRE BEACH AQUA PARK
Повлечи за повеќе слики

EMPIRE BEACH AQUA PARK

ХургхадаAll Inclusive

Положба

Хотелот се наоѓа на околу 12 km од аеродромот во Хургада и на околу 3 km од центарот на градот

Сместување

Вкупно 419 соби.
Standard room (25 m², макс. 2 лица).
Triple room (25 m², макс. 3 лица).
Triple room (25 m², реновирани, макс. 3 лица).
Connected room (две поврзани стандарни соби, едно купатило, макс. 5 лица).
Single room (25 m², макс. 1 лице).
Сите соби имаат приватно купатило со туш, фен, клима, телефон, сателитска ТВ, мини бар, сеф, балкон или тераса.

Услуга

Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, ручек, вечера, закуски во текот на денот, бар покрај базен, À la carte ресторан е бесплатен еднаш во текот на престојот со претходна резервација, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци во периодот од 10:00-00:00 часот, локални коктели, кафе, чај. Со доплата се увозни пијалаци, пијалаци во шише и лименка, енергетски пијалаци, свежо цедени сокови, услуга во соба, храна и пијалаци после полноќ.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторан, бар покрај базен и на плажа. Со доплата се доктор, перење и пеглање алишта, телефон, продавници, изнајмување кола. Wi-Fi интернет е со доплата.

Плажа

Хотелска приватна плажа, со бесплатни лежалки, чадори и крпи за на плажа. Се препорачуваат обувки за во вода.

Спорт и забава

Базени за возрасни и деца,  
Со доплата се спортови на вода, нуркање, сауна, турска бања, масажи и третмани во СПА центарот.
Лесна анимација во текот на денот, шоу програми навечер. Клуб за деца, детско игралиште.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Empire Beach Hotel, Hurghada, Egypt

Отвори во Google Maps