Прескокни кон содржината
EL KARMA AQUA BEACH RESORT EX.NUBIA AQUA BEACH RESORT & AQUAPARK
Повлечи за повеќе слики

EL KARMA AQUA BEACH RESORT EX.NUBIA AQUA BEACH RESORT & AQUAPARK

Ал Ахијаа РоадAll Inclusive

Локација 

Хотелот се наоѓа северно од Хургада кон Ел Гуна, 11 километри од центарот на Хургада и 17 километри од аеродромот. 

Содржини 
Големиот хотелски комплекс содржи рецепција со лоби, главен ресторан, ресторан со бар на плажа, 5 a la carte ресторани , барови (во лобито, на плажата, покрај базенот, дискотека.) голем аква парк со 9 базени (едниот стои на располагање и во текот на зимска сезона) и 18 тобогани, анимациски програм, спа центар, теретана, центар за нуркање и спортови на вода, пинг – понг , терен за одбојка на плажа, билијар, детски клуб, детско игралиште , wi-fi (до доплата). Со доплата: wi-fi, room servis, доктор, масажи и третмани во спа центрите, сауна, џакузи, турско купатила, перење на алишта, билијар, продавници, фризер, сите спортови на вода, нуркање, телефон, цедени сокови, луксузни увезени пијалоци, специјални вина, турско кафе, услуги надвор од хотелскиот концепт. 

Сместување 
Хотелот располага со 403 соби, распоредени во комплекс од 9 помали згради. Стандардните соби со поглед на базенот се со површина од околу 36 m² ( максимално 2 возрасни и 2 деца или 3 возрасни и дете) , имаат француски лежај или два стандардни креветни, дополнителното легло е софа или кревет на извлекување. Собите имаат купатило, фен за коса, клима, ТВ, телефон, сеф, мини бар (со доплат ), wi-fi (со доплата), балкон/ тераса. 

Услуга 
Услугата во хотелот е All inclusive – самопослужување – избор на повеќе видови јадење, по хотелските правила ( појадок, ручек и вечера) , – buffet сервис (самопослужување), ужина, чај, кафе, домашни алкохолни и безакохолни пијалоци. 

Плажа 
На гостите на хотелот им се достапни пешкири за плажа, лежалки и чадори.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

El Karma Aqua Beach Resort, Hurghada 2, Egypt

Отвори во Google Maps