Прескокни кон содржината
EAGLE PARADISE ABU SOMA
Повлечи за повеќе слики

EAGLE PARADISE ABU SOMA

Сома БаиAll Inclusive

Положба

Хотелот се наоѓа на 45 минути возење од аеродромот во Хургада.

Сместување

Вкупно 236 соби, 8 вили во градината.
Standard rooms (поглед на градина, страничен и директен поглед на море) два единечни кревети).
Family connected rooms (немаат балкон).
Family room garden view. Villa (една спална со дупли кревет, една спална со два единечни кревет).
Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина, фен, мини бар (со доплата), сеф, електричен бокал, сет за кафе и чај, клима, телефон, сателитска ТВ, балкон или тераса.

Услуга

Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладне кафе, чај и колачи, вегетаријанско бифе, сладолед во одредено време (само за деца), локални алкохолни и безалкохолни пијалаци до полноќ, локални коктели.
Со доплата се увозни пијалаци, флаширани пијалаци, лименки, пијалаци после полноќ, мини бар, свежо цедени сокови, закуски во центар за нуркање, услуга во соба, наргиле.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, ресторан со закуски и пица, лоби бар, бар на плажа, дискотека, ориентално кафуле.
Со доплата се доктор на барање, перење и пеглање алишта, изнајмување лимузина, фризер, чување деца, центар за убавина, аптека, продавници. Wi-Fi интернет е со ограничена брзина во лоби и тераса, а во собите е со доплата.

Плажа

Хотелска песочна плажа, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи.

Спорт и забава

Отворен базен со дел за деца, теретана, одбојка на плажа, пикадо, дневни турнири, пинг понг, мини голф.
Со доплата се СПА и велнес центар, масажи, сауна, џакузи,билијард, спортови на вода, опрема за тенис.
Забавни програми во текот на денот, ноќен клуб со DJ, вечерни забави со жива музика. За деца помеѓу 4-12 год има мини клуб, детско игралиште, мини диско

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Safaga Road, Hurghada 1, Egypt

Отвори во Google Maps